АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели на Марко Пејчиновски еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.
– За подвигот што го направи Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднина доколку се работи правилно на неговиот раст и развој, изјави Каевски за МИА.


Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски во иднина да прерасне во успешен спортист.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.