Анабела Атијас дефинитивно одлучила да се разведе од 11 години помладиот сопруг Андреј Атијас.
Бидејќи не успеале спогодбено да се договорат, пејачката поднела тужба за развод на бракот, а бракоразводната постапка била започната вчера.
По пет ипол години брак во кој ја доби ќерката Бланка, пејачката сака да започне нов живот и себе и своите три наследнички да ги поштеди од стресот поради однесувањето на Андреј.
Кога на 11 септември Атијас ја удрил пејачката и изрекол низа навреди, на Анабела и се срушил светот и веќе наредното утро, како што јавуваат српските медиуми, одлучила да сврти нов лист.
-Поради малата Бланка, Анабела и по разводот ќе остане во контакт со Андреј, а љубовните емоции ги потисна бидејќи не е подготвена на агонијата која тој им ја приредува со своите пијанства.
Андреј отиде кај својата мајка во Панчево по сослушувањето во полиција и од тогаш секој ден ја моли Анабела да му даде уште една шанса. Неа животот доволно и беше хаотичен и без него, па сега нема доволно сила за неговите постојани оправдувања и ветувања кои не ги исполнува, открива близок пријател на Анабела.
Андреј прво одбил на признае дека дошло до физичка пресметка со Анабела, но подоцна потврди.
-Анабела е најдобриот човек, најдобрата мајка и најдобрата сопруга, најдобар пријател и љубовник, изјавил Андреј.
Од бракот со Гаги Џогани, Анабела има две ќерки, Луна и Нина, додека со Андреј ја доби Бланка.