Ќерката на Анабела Атијас, Луна Џогани пред извесно време откри дека поранешно момче на нејзината мајка во една прилика и се додворувал. Оваа ситуација, според нејзиното кажување, се случила неколку години откако нејзината мајка и Младен се разделиле.
По ваквите изјави, српските медиуми објавија фотографии во Луна и Младен и ги вжештија шпекулациите дека тие можеби биле премногу блиски, што Луна експресно демантираше дека имала било што со поранешното момче на својата мајка.
Ваквите медиумски натписи, лошо влијаеле по Анабела која вели дека е бесна и шокирана од трачевите. Додава дека наводно спорните објавени фотографии настанале во нејзино присуство.
-Глупости се тоа дека меѓу Луна и Младен имало било што. Тие фотографии настаа во мое присуство. Сите кои се намерачиле на мене во последно време, слободно нека удираат, тука сум. Ќе го тужам секој кој ќе удри на мојот интегритет, ќе одам и во странски судови и ќе ги барам своите права. Ова е ужасен удар на мене и моето семејство, затоа ве молам да бидете луѓе и да не измислувате работи. Луна во емисијата раскажа дека Младен ја повлекол за рака во клуб пред пет години, а јас со него бев пред 10. Навистина сум очајна. Не знам само дали сите кои шират лаги сакаат да ме натераат да се убијам, ќе бидат ли тогаш среќни? Ова веќе не може да се поднесе, изјавила Анабела