Реакцијата несомнено беше брза, иако депониите биле таму повеќе од пет години. Во тие пет години никој не бил казнуван, а според дузината сведоштва на сегашни и поранешни студенти, директорот не спроведувал ред и не се грижел за хигиената, никој не бил казнет, но и ретко се чистело.
Медиумите со години известуват за мизерните услови во кои живеат студентите во скопските домови. Домот „Гоце Делчев“ заврши и во глобалните медиуми на насловните страници. „Пеколен дом“, ќе пишат новинарите на Инсајдер. Но, за македонските граѓани шокантните фотографии од студентските домови веќе одамна никого не шокираат.
Бујар Муртезани – дете со партиски штит
Бујар Муртезани е млад човек од скопската населба Сингелиќ. Порано го менаџирал кафе-барот „Клик“ во Старата скопска чаршија. Извори од ДУИ велат дека тој е во роднинска врска со Назим Буши, актуелен оперативен директор во „Телеком“ назначен минатата година, висок функцонер во ДУИ и поранешен командант на ОНА во кумановскиот регион.
Целата анализа и многу повеќе докази дека живеењето во домот е пеколно, погледнете го на ИРЛ.МК.