Анализа за голготата во студентски дом: Пеколни домаќини на пеколен дом (ВИДЕО)

Анализа за голготата во студентски дом: Пеколни домаќини на пеколен домКога фотографиите од купови ѓубре што студентите го фрлале од прозорецот станаа вирални на социјалните мрежи, јавноста по долго време му го виде лицето на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ Бујар Муртезани.  Револтот кој граѓаните на социјалните мрежи го истурија врз студентите се чинеше како добра можност за добар  пиар.Дел од анализата на Investigative Reporting Lab Macedonia, ви пренесуваме во продолжение.Пред дузина камери, новинари и фотографи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директорот на студентскиот дом Бујар Муртезани ги нарекоа студентите несовесни. Долго зборуваа за одговорноста и одлучноста да се казнат оние кои ги направиле малите депонии во дворот на домот.


Реакцијата несомнено беше брза, иако депониите биле  таму повеќе од пет години. Во тие пет години никој не бил казнуван, а според дузината сведоштва на сегашни и поранешни студенти, директорот не спроведувал ред и не се грижел за хигиената, никој не бил казнет, но и ретко се чистело.
Медиумите со години известуват за мизерните услови во кои живеат студентите во скопските домови. Домот „Гоце Делчев“ заврши и во глобалните медиуми на насловните страници. „Пеколен дом“, ќе пишат новинарите на Инсајдер. Но, за македонските граѓани шокантните фотографии од студентските домови веќе одамна никого не шокираат.

Бујар Муртезани – дете со партиски штит

Бујар Муртезани е млад човек од скопската населба Сингелиќ. Порано го менаџирал кафе-барот „Клик“ во Старата скопска чаршија. Извори од ДУИ велат дека тој е во роднинска врска со Назим Буши, актуелен оперативен директор во „Телеком“ назначен минатата година, висок функцонер во ДУИ и поранешен командант на ОНА во кумановскиот регион.
Целата анализа и многу повеќе докази дека живеењето во домот е пеколно, погледнете го на ИРЛ.МК.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK