Анастасија Ражнатовиќ одбра гламурозна венчаница: Откри се за свадбата за која долго ќе се зборува

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ не крие дека сака да стапне на лудиот камен, но смета дека се уште е млада за таков чекор.

Таа отсекогаш сонувала да се омажи во луксузен, традиционален бел фустан, а својата венчаница од соништата ја пронашла за време на фотографирање за еден магазин.

На Анастасија и се допаѓа класичниот крој на венчаницата.
– Од сите венчаници што сум ги пробала, најгламурозна е онаа „принцеза“. Најмногу личи на традиционалните венчаници. Отсекогаш сум се гледала како го носам ова за мојата свадба – искрена беше Ражнатовиќ.

Анастасија Ражнатовиќ одбра гламурозна венчаница: Откри се за свадбата за која долго ќе се зборува

Таа додала дека би сакала да направи свадба на која ќе бидат сите што ги сака. Пејачката не замислува интимна церемонија на која би биле присутни само семејството и најтесниот круг на пријатели, туку голема свадба за која ќе се зборува.
– Би сакала да приредам убава прослава која ќе ја паметам до крајот на животот. Би сакала моите најблиски да бидат со мене на тој ден, а јас би сакала да бидам во голема венчаница.

Иако десет месеци е во сериозна врска со фудбалерот Немања Гудељ, Анастасија се уште не планира да го каже судбоносното „да“.
– Вистинското време за брак е кога ќе почувствувате желба да го направите тоа. Најважно е како се чувствува човекот. Никогаш не е рано или доцна да се венчаш. Некој може да се омажи на 17 години и да остане со таа личност до крајот на животот во среќен брак. А желбата за тоа некој може да ја почувствува на 45 или 50 години – рече Анастасија во деветнаесеттата епизода од документарно-фантастичниот серијал „Цеца шоу“.

Кога ја виде ќерка си во венчаница, Цеца Ражнатовиќ ја преплавија емоции. Фолк ѕвездата го пофали изгледот на Анастасија, а потоа рече:
– Мислам дека секоја жена се чувствува посебно и женствено во венчаница. Обожавам да ги носам, а колку што можам да видам и мојата ќерка.

Со идната свекрва не се во добри односи…
Во медиумите на големо се шушка за нарушените односи меѓу Анастасија Ражнатовиќ и мајката и сестрата на нејзиното момче Немања Гудељ.

Тоа што Анастасија не е во добри односи со семејството на своето момче фудбалер е тема која ја тресе јавноста веќе подолго време, а имајќи предвид дека мајката на Немања Гудељ, Оливера, како и сестрата Вања, беа оние кои први решија да го направат големиот чекор да ја отследат наследничката на Цеца од „Инстаграм“, според мислењето на многумина, токму тие создадоа раздор во оваа врска што можеше да биде идилична.

Причината поради која Оливера и Вања не сакаат никаков контакт со Таша до ден-денес е непозната, бидејќи никој од нив јавно не објави ништо на таа тема, но се повидливо е непријателството меѓу нив.
За тоа придонесоа многубројните постови, додуша двосмислени, кои мајката на Немања Гудељ често ги објавува на „Инстаграм“, што, меѓу другото, придонесе и за шпекулации како и за тоа дека секој си дава право на свој начин да си ја толкува врската.
Конфликтот како да дојде преку ноќ, а иако на почетокот се беше во ред и бевме сведоци дека ќерката на Цеца одлично се вклопи во семејството Гудељ, се погласни се гласините дека несогласувањата меѓу неа и мајката на нејзиното момче се несовладливи. Според пишувањата на медиумите, Таша со сите сили се обидела да ја среди ситуацијата, па дури и разговарала со своето момче на оваа тема, но мајката на Немања останала тврдоглава во намерата со своето однесување да ја расипе среќата на младиот заљубен пар.

Она што е чудно е што на почетокот на врската на Анастасија и Немања, тие две беа исклучително блиски.
Но она што е сигурно е тоа дека Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во својата љубов, иако фудбалерот не живее во Србија, поради што пејачката често е на релација Белград-Шпанија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.