Анастасија Ражнатовиќ сподели брутални кадри од нејзиниот задник

Младата пејачка веќе неколку дена ужива во Мексико со своите пријателки
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ од Мексико ги полуде сите со безобразни пози и кадри од задникот.
Анастасија е на одмор со своите пријателки, а судејќи според објавите, тие одлично се забавуваат. Младата пејачка позираше во црна танга бикини потпрена на дрво, од напред и од позади.
Ражнатовиќ ја запали фантазијата на многумина со потемнетото тело, кое изгледа неверојатно, како и бомбастичниот задник, кој го истакна во преден план, и рече: „Ова не е натпревар, душо“.
„Ова може да доведе до срцев удар“, „Преубава си и презгодна, сите пофалби“, „Каков задник, бомба си“, „Го запали Мексико“, „Немаш конкуренција, изгледаш одлично“ , „Омажи се за мене, малечка“, се некои од коментарите.
Престојува во луксузен хотел во кој престојуваат холивудските sвезди. Тоа е хотел кој нуди многу можности, па покрај базенот, има спа центар, неколку барови, ресторани, теретана, можност за многу спортови, како и приватна плажа долга еден километар.
Се разбира, и собата е луксузно опремена, со поглед на Карипското Море и сопствен излез кон базенот. Овој вид услуга воопшто не е ефтина, а чини околу илјада евра за вечер, во зависност од тоа што е избрано и колку некој сака неговата соба да биде луксузна. Доколку Анастасија остане во Мексико десет дена, одморот ќе чини околу десет илјади евра. Се разбира, тоа не ги вклучува авионскиот билет и парите што ќе ги потроши таму на шопинг и патувања. Вкупен износ, минимум 15.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.