Ана Ивановиќ со подарок од 2 милиони евра за свадбата на братот

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ на својот брат Милош Ивановиќ како свадбен подарок му купи куќа во Мајорка. Милош се ожени со Драгана Џајиќ, ќерка на познатата фудбалска легенда Драган Џајиќ.
-Ана на братот и снаата им купи куќа во комшии на својата вила во монденската населба Сон Вила на Мајорка. Двокатницата има четири спални и три купатила, дневен престој и игралште за деца. Цената на куќата е 2 милиони евра – открива извор за српските медиуми.


Некогашната најдобра светска тенисерка која има заработено 98 милиони евра сака нејзините деца да растат заедно со наследниците на нејзиниот брат.
-Младоженците на свадбата добија неколку уметнички слика, а останатите подарија пари. Мислам дека немаше подарок под 1.000 евра – вели изворот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.