Ана Камчева денес ќе сведочи за „Рекет“

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, денес треба да сведочи на третото рочиште во случајот „Рекет“ во Кривичниот суд.
Таа во судот треба да каже како Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец зеле половина милион евра од неа како гаранција дека нејзиниот сопруг, осомничен во случајот „Империја“, ќе му биде определена поблага мерка, домашен притвор.
Камчева како сведок требаше да се јави во судот во петокот, но поради покачена температура, нејзиното сведочење беше одложено. Во петокот своето неколкучасовно сведочење пред судот го имаше Орце Камчев кој отри нови детали за случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.