Ана Николиќ тешко го поднесе разводот со Стефан Ѓуришиќ Раста, а во една прилика истакна дека и требало многу време за да продолжи понатаму.
Сепак, по долг временски период, тоа се случи. Имено, Ана повторно се враќа на музичката сцена и моментално работи на своите нови песни.
Меѓутоа, не само што и тргна во кариерата, на Ана и тргна во љубовта. Имено, како што пишува стори.рс, бизнисмен од Цетиње успеал да го освои срцето на пејачката.
Наводно, Николиќ и бизнисменот неодамна се вратиле од првиот заеднички одмор на Тајланд каде што друштво им правела и нејзината ќерка Тара.
Како што пишува стори.рс, Црногорецот цело време бил посветен на Ана и Тара, а пејачката не крие дека е среќна што е во врска со маж кој нејзината ќерка ја засакал како свое дете.
Николиќ се уште не огласи по повод овие пишувања.