Пејачката Ана Николиќ во емисијата „Ексклузивно“ пред камерите откри како заедно со поранешниот сопруг Раста се поделени околу воспитувањето на ќерката Тара.
-Не можам да кажам дека јас сум единствен авторитет и татко и е. Но таа не само нас туку ги „вози“ сите. Прво дете во семејството ни е, тука се и бабата и дедото и сите останати.
Велам има авторитет и од него, но јас сум најголем и единствена личност од која се плаши во смисла да слуша што и зборувам и јасно се знае што може, а што не. Пробуда да добие граници, но тоа кај мене не поминува. Зашто? Затоа што знам што сум родила и со кого го правев тоа дете, вели пејачката.
Таа додава дека татко и често и се заканува на Тара дека сега ќе ја врати кај мајка и на фабричко подесување кога ќе почне да лудува.
-Кај него може да скока по кревети, на плафон, да јаде во кревет, кај него живее слободно, кај мене тоа не може, додава Николиќ.