Пејачката Ана Севиќ веќе половина година е во врска со бизнисменот Даниел Недељковиќ, а новиот избраник на пејачката планира да ја израдува поранешната сопруга на пејачот Дарко Лазиќ со Мерцедес Ц300, кој чини 25 илјади евра.
Бизнисменот одлуката да ја израдува Севиќ со луксузниот автомобил ја донел пред два месеци, а автомобилот ќе го донесе од Германија.
-Даниел и Ана се забавуваат од почетокот на година, а нивната врска е силна и стабилна и покрај фактот што не се долго заедно. Се чини дека Даниел во Севиќ најде се што бараше во жените, па сега реши да покаже колку му значи нејзиното присуство. Долго размислуваше како да ја израдува, па дојде до идеја дека луксузен автомобил е најдобар избор за неговата избраничка, вели извор близок до него и објаснува дека бизнисменот од почетокот знаел која марка на автомобил треба да ја подари на својата драга.
-Веднаш знаеше дека на Ана ќе и подари Мерцедес и дека ќе го донесе од Германија, а само требаше да одлучи кој модел сака да и го подари. Долго се премислуваше, но конечно се одлучи за половен Мерцедес Ц300 од 2015 година, кој чини 25 илјади евра, а чија целосна цена е 80 илјади евра. За некои можеби е лудо после пола година врска да и купи автомобил, но Даниел на тој гест не гледа како на нешто големо, вели изворот за српските медиуми.
Имено, Даниел не сакал неговата девојка да ја прозиваат дека на поранешниот сопруг му земала после разодот.
-Долго време пријателите на Ана и Даниел се шегувале на сметка на поранешниот сопруг, кого Ана го остави без стан и автомобил, а иако сешто се пишуваше и зборува, неа сепак не и беше сеедно што во медиумите беше претставена како жена која била во брак со Дарко Лазиќ само поради парите. На Даниел почнаа да му сметаат шегите на сметка на Ана, па на сите реши да им ја затвори устата со тоа што на девојката ќе и купи луксузен автомобил, вели тој.
-За две недели автомобилот треба да стигне од Германија, а Даниел смислил начин како да ја изненади девојката, автомобилот ќе ја пречека пред нејзината зграда, замотан во голема црвена машна.
Инаку, Ана Севиќ и Даниел Недељковиќ се запознаа во Црна Гора на почетокот на оваа година, а симпатиите се јавиле уште при првата средба, па парот набрзо започна романса. Меѓутоа, тек кога Севиќ се разведе од Дарко Лазиќ, тие престанаа да се кријат.