Ангелов: Дождот ги угасна сите тешки пожари

Дождоот што заврна попладневно помогна да се доизгаснат неколкуте големи пожари кои беснееа подолго време информираше директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати. Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на утрешниот ден, вели Ангелов.

Земјава решичи два месеца се бореше го пожарите на отворено, дел од нив гореа со недели, а мораше да биде повикана и странска помош.

Уште претходно, ЦУК објави дека дождот го изгаснал големиот пожар на Галичица.

Жителите од овој регион на социјалните мрежи објавуваат видеа од силното невреме со град со пораки дека е спасена Галичица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.