Ангелов: Сопствениците на викендички и куќи во напуштени села, итно да ја искосат тревата во нивните дворови и да направат противпожарна пресека

Сите луѓе кои што имаат викендички и куќи во напуштени села, итно да отидат и да ја искосат тревата во нивните дворови, апелира Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да изораат, да имаат противпожарна пресека. Нека имаат три-четири-пет метри изорана површина. Доколку гори шумата, да не може да влезе во дворот. Минатата година бев сведок, особено во кумановскиот регион, во кратовскиот и во паланечкиот, како што гори тревата, од шумата влегува во тревата и доаѓа до ѕидот на викендичката. Тоа не смеат да го дозволат. Самите граѓани се невнимателни“, рече Ангелов.

Пронајдете не на следниве мрежи: