Андоновски: „Роаминг како дома“ е вистинска европска придобивка за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес учествуваше на министерски состанок меѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“.

На состанокот, кој се одржа преку видеоконференција, се дискутираа главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори во процесот и подготвеноста на земјите од Западен Балкан да се приклучат на режимот што треба да овозможи користење на мобилни услуги во Европската Унија под услови слични на оние дома.

Андоновски нагласи дека овој процес е од највисок приоритет за Владата на Република Македонија и Министерството за дигитална трансформација.

„Роамингот како дома не го гледаме само како процес на регулаторна хармонизација, туку како конкретна и многу видлива придобивка за нашите граѓани, бизниси, студенти, туристи и економијата воопшто. Нашата цел е јасна: да ја доближиме Македонија до дигиталниот единствен пазар на Европската Унија, да ги намалиме бариерите за нашите граѓани и компании и да обезбедиме придобивките од европската интеграција да се чувствуваат на практичен и директен начин“, рече Андоновски.Тој нагласи дека „Роаминг како дома“ има практично и стратешко значење за земјата. Практично, оваа иницијатива значи пониски трошоци за граѓаните и компаниите, подобра поврзаност, полесна комуникација, патување и економска размена. Стратешки, тоа претставува уште еден чекор кон интеграција во дигиталниот единствен пазар на Европската Унија и кон постигнување опипливи придобивки од процесот на европска интеграција.

Министерот информираше дека Министерството за дигитална трансформација подготвило сеопфатен Акциски план во август 2025 година, во кој се утврдени потребните чекори, институционалните одговорности и временската рамка за усогласување на националната рамка со релевантното acquis на Европската Унија во областа на роамингот и електронските комуникации. 
The post Андоновски: „Роаминг како дома“ е вистинска европска придобивка за граѓаните appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: