Андоновски: Aко утре ги почнеме преговорите, Македонија ќе ги претрка Албанија и Црна Гора

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување на тв 21 истакна дека Македонија е технички подготвена за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија и дека земјата би го надминала напредокот на Албанија и Црна Гора.

„Сигурен сум дека ако утре ги започнеме преговорите, Македонија ќе биде земјата која ќе ги претрка Албанија и Црна Гора. Напредокот што сме го направиле во прилагодувањето на европскиот пазар, приближувањето до единствениот европски дигитален пазар и реформите во јавната администрација го прави тоа можно“, рече Андоновски.

Тој додаде дека моменталните оценки на ЕУ за земјата се под влијание на нерешените политички прашања.

Пронајдете не на следниве мрежи: