Андреа со години чекала да забремени, па добила близнаци: Штом го видела лицето на синот знаела дека нешто не е во ред

Кога слушнав дека носам близнаци целата бев надвор од себе од среќа. Девојчето е родено без никакви проблеми, а потоа го видов момчето и знаев дека нешто не е во ред вели Андреа.
8 годишниот Габриел Стринта Елијас од Бразил боледува од генетско пореметување Тричерс Колинсов синдром, поради што ткивото и коските на лицето неправилно му се развиваат. До денес поминал 21 операција, а првата ја имал после само неколку недели од раѓањето.
Габриел има сестра близначка, Марина, која не боледува од овој синдром, а има и помал брат, 5 годишниот Емануел. Габриел поради својата болест има проблеми со дишењето, јадењето, слушањето и говорот.

-Се бори од моментот кога се роди, а победува само поради поради својата сјајна личност, вели мајката на Габриел, 35 годишната Андреа.
Толку долго чекавме, со години. Одев на вештачко оплодување после години неуспешни обиди за бременост, а кога дознавме дека чекаме близнаци бевме надвор од себе од среќа.
А потоа се родиле и видела дека Габриел е поразличен. Марина после три недели е пуштена од болница, а Габриел останал затоа што не можела да го дои.
-Од болница излезе дури после седум месеци, вели Андреа, додавајќи дека Габриел не дозволува болеста да го спречи во било што.
-Тој плива, вози велосипед, трча, тренира кунг-фу, учи англиски јазик и не гледа разлика меѓу себе и останатите деца. Секако, има мали провокации и грди зборови на негова сметка, но тој тоа го игнорира, вели Анфреа.
Габриел инаку и позирал за календар каде секој месец е посветен на одредено дете борец, а тоа за него е сосем заслужено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.