Истражувањето направено во Британија откри кои се сопствениците, за кои другите возачи сметаат дека се најлоши во сообраќајот. Како што пренесува “Телеграф“, сопствениците на возилата на “БМВ“ се оценети како најлоши возачи, а 80 проценти од анкетираните изјавиле дека очекуваат од сопствениците на “БМВ“ агресивно да возат. 34 проценти се изјасниле дека никогаш нема да се дружат со лице кое вози германски автомобил.
И голем број на пребарувања на Google за возачи на модели на “БМВ“ вклучуваат прашања како што се “зошто од возачите на “БМВ“ не се очекува да користат трепкач“ и “зошто сопствениците на “БМВ“ се однесуваат ужасно“.
Втори на листата на најомразени возачи се сопственици на возилата “Форд“, а 75 проценти од анкетираните изјавиле дека не ги сакаат сопствениците на оваа американска марка.
Сопствениците на возила “Ауди“ се најдоа на третото место, а 50 проценти од анкетираните изјавиле дека не ги сакаат.
Од целото истражување, 71 процент изјавиле дека сметаат дека сопствениците на “Ауди“ возат премногу брзо, додека 14 проценти никогаш нема да бидат во контакт со некој што вози автомобил од овој бренд. Најчестите пребарувања на Гугл вклучуваат прашања како “зошто возачите на “Ауди“ се толку лоши“ и “зошто возачите на “Ауди“ се толку арогантни“.
На удар се и сопствениците на возилата “Фолксваген“, при што 60% од испитаниците рекле дека сметаат дека се лоши возачи, додека 32% сметаат дека нивните сопственици возат премногу брзо. Седум проценти се изјасниле дека никогаш нема да бидат во врска со некој што вози “Фолксваген“.
Возачите на автомобили “Тојота“ се сметаа за “најпријателски“, но 10 проценти рекле дека возат премногу бавно.