Антиваксерот Роберт Кенеди Џуниор e избор на Трамп за министер за здравство

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра Роберт Кенеди Џуниор за министер за здравство, објавија медиумите.

Роберт Кенеди, внук на убиениот популарен претседател Џон Ф. Кенеди, беше независен претеседателски кандидат додека не се откажа од трката и застана покрај Трамп.

Медиумите Кенеди го опишуваат како „антиваксер“, а познат е по низата контроверзни изјави за здравјето и причините за здравствените проблеми.

По победата на Трамп, тој рече дека „нема никому да ги одземе вакцините“, но дека ќе работи на нивната безбедност и ќе им дозволи на Американците сами да донесуваат здравствени одлуки.

„Предолго Американците беа скршени од прехранбената индустрија и фармацевтските компании кои се занимаваа со измами и дезинформации кога станува збор за јавното здравје“, напиша Трамп на социјалната мрежа Х.

„Безбедноста и здравјето на сите Американци се најважната улога на секоја администрација, а Министерството за здравство ќе игра голема улога во обезбедувањето дека сите се заштитени од штетните хемикалии, загадувачи, пестициди, фармацевтски производи и адитиви во храната кои придонеле за масовната здравствена криза во оваа земја“, нагласи Трамп.

„Тој ќе помогне Америка повторно да биде здрава“, рече Трамп во својот победнички говор на 6 ноември.

„Тој сака да направи некои работи, а ние ќе му овозможиме да ги реализира“, рече тој.

„Тој сака да направи некои работи, а ние ќе му овозможиме да ги реализира“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: