Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборни правила


Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на 6 април поднесе приговор до Антикорупциската комисија, според кој Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заславала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно со пет гласа го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на државата, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила.

Фото: Принтскрин

Од ДКСК велат дека сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и од Изборниот законик се основани и со тоа приговорот поднесен од страна на Силјановска-Давкова се усвојува.

Оттаму најавија дека ќе преземат мерки согласно надлежностите и ќе иницираат постапка за утврдување на одговорност пред надлежните органи.

Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.

Силјановска-Давкована 6 април поднесе приговор до Антикорупциската комисија, според кој Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заславала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во приговорот се вели дека Аладемијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошки тест и тестот за интегритет, на 29 март објавила и распоред за полагање на квалификациски тест.

„Овој тест тековно го полагаат 299 кандидати, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекржува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“,

се вели во приговрот кој го поднела Силјановска-Давкова.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: