Антикорупциска: Партиите не затрупаа со предмети

Партиите сакаат да ја минираат работата на Комисијата за спречување на корупцијата со меѓусебната трка на пријавувања на голем број на случаи на вработувања на блиски на актуелни и поранешни функционери, стравува антокорупционерката Софка Пејовска Дојчиновска.
„ Имаме впечаток дека се натпреваруваат меѓу себе партиите и како да се ставени во погон да ги собираат податоците од претходното и сегашното владеење и кој повеќе информации ќе ни даде.
Во моментов се околу 60, а веќе вчера и завчера имавме списоци од по стотина од двете страни. Ние се најдовме испречени пред оваа цел, вели антикорупционерката која синоќа гостуваше на “1“ТВ.
Таа стравува дека може да дојде до „заробување“ на Комисијата таа да не може да ја врши вистинската функција, бидејќи станува збор за 400-тини вакви пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.