Доколку има наводи за надлежно постапување од страна на ДКСК во врска со текстовите на Инфомакс поврзани со тендерите делени од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев и Пуцко Петрол на пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, по истите ќе биде постапено, соопштија од Државната комисија за спречување на корупција.
-Во врска со вашето прашање упатено до Државната комисија за спречување на корупцијата, ве известуваме дека ДКСК нема можност да изврши проверка на сите тендери спроведени во општините за кои што упатувате во вашето обраќање.
Доколку имате сознанија за незаконитости во постапки за јавни набавки спроведени од страна на општините или други државни институции може да поднесете пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Воедно, ве известуваме дека од страна на ДКСК ќе се проверат натписите и доколку има наводи за надлежно постапување на ДКСК ќе се оформи предмет. – велад од Антикорупциска.
Текстовите можете да ги прочитате на линковите во продолжение:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.