Нова студија покажува дека антителата кои се развиваат кај пациенти кои прележале Ковид – 19 остануваат отприлика 8 месеци по прележувањето на болеста, без оглед на тешката форма на болеста и возраста на пациентот. Оваа студија беше објавена денес во списанието „Nature Communications“, а е спроведена на 162 позитивни пациенти со различни симптоми кои имале Ковид-19 во првиот бран во март и април минатата година, најдоцна во ноември.
Според истражувањето, спроведено од болницата Сан Рафаеле во Милано, оние кои не успеваат да произведат антитела во првите 15 дена од инфекцијата, имаат поголема веројатност да развијат потешка форма на болеста, пренесува „Танјуг“.
Резултатите покажуваат дека 79 проценти од пациентите успешно ги развиле овие антитела.
Студијата сеопфатно ја мапира еволуцијата на одговорите на антителата кон Ковид-19 и дава важни индикации и за клинички третман на болеста и за епидемиолошки прекин на епидемијата.