Антиќ со Олимпијакос победи во Сиена

Перо Антиќ со Олимпијакос забележа важна победа во Сиена во рамките на 11-то коло во кошаркарската Евролига.Олимпијакос го победи Монтепаски со 68:67 и на табелата во Ф групата се израмни со противникот на втората позиција на табелата двата тима имаат по седум победи и четири порази.Грчкиот тим до победата стигна со добрата игра во одбраната во последниот период, во кој на противникот му дозволи да постигне 13 поени.Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра 20 минути, во кои имаше учинок од 9 поени и 4 скока. Папаниколау и Слукас со по 11 поени беа најефикасни кај Олимпијакос, а поен помалку постигнаа Спанулис и Хајнс кој имаше и 10 скокови.Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче запиша уште еден убедлив пораз во Евролигата. Каха Лаборал го победи Фенербахче со 87:67, шпанскиот тим мечот го реши во втората четвртина која ја доби со 30:12. Мекејлеб со 16 поени беше најефикасен играч на турскиот тим.Каха Лаборал по 11 кола има учинок од шест победи и пет порази и се врати во трката за место во четврт финалето.Ист скор како Каха имаат и Макаби односно Химки. Макаби на домашен терен го совлада Химки со 80:79.
МакфаксПеро Антиќ со Олимпијакос забележа важна победа во Сиена во рамките на 11-то коло во кошаркарската Евролига.

Пронајдете не на следниве мрежи: