ИВИЦА ЈАКОВЛЕВСКИ – во Солун поканет од еден од најдобрите NBA Skill Development тренери во светот, Ganon Baker

Голема чест и признание за Ивица Јаковлевски, кој во Солун беше специјално поканет од еден од најдобрите NBA Skill Development тренери во светот, Ganon Baker, кој во својата кариера работел со NBA ѕвезди како LeBron James, Kevin Durant, Kyrie Irving и многу други.

Заедно со него присуствуваа и 18 талентирани кошаркари од Македонија, кои имаа единствена можност да работат со врвен NBA тренер и одблиску да ги запознаат тајните на NBA методологијата, развојот на играчите и тренингот на највисоко професионално ниво.
Ова претставува уште едно големо признание за тренерот Ивица кој посветено, работи и несебично се вложува во секој кошаркар кој тренира со него, ова е доказ дека со посветеност, работа и знаење, нашите тренери и играчи можат да бидат дел од светската кошаркарска елита. 🏀🔥🏆

Пронајдете не на следниве мрежи: