Анти-свршувачки прстен: Нов хит кој има и одлична цел

Кога некој би ве прашал дали би се запросиле самите себеси, што би му одговориле на тоа прашање?
Многу е веројатно дека само чудно би го погледнале и би одмавнале со главата. Сепак, т.н. самозапросување навистина постои, а има и свој симбол во облик на прстен, но оној кој е прикладен за малиот прст.


Имено, американскиот бренд „Fred and Far“ смислил анти-свршувачки прстен, кој е наменет за истражување на љубовта и почит кон самите себеси.

 

View this post on Instagram

 

Due to popular demand, colored stones are back and on sale for 48 hours. ? #fredandfar #selflovepinkyring

A post shared by By Melody Godfred (@fredandfar) on


„На почетокот на 2015-та година, постигнав сè за што некогаш сонував – одлична кариера, сопруг, деца и дом. И покрај тоа бев несреќна, изгубена и неповрзана самата со себеси, поради недостаток на љубов и внимаие кое си го давав на себе. Очајно ми беше потребен некаков впечатлив и прекрасен дневен потсетник за тоа колку треба да се почитувам и ценам самата. Затоа и го создадов“, изјавила сопственичката на брендот.

Дали би го прифатиле овој нов хит?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.