Македонската „Пинк ѕвездичка“, Антониа Гиговска, е актуелна во домашните и регионалните мредиуми откако пееше како придружен вокал за првата песна на Луна Ѓогани насловена „Деветти круг“.
Иако не победи во музичкото шоу каде се натпреваруваше, Антониа успешно ја гради својата кариера, а се повеќе фанови има и од регионот откако ја објави својата песна на српски јазик „Могли смо у двоје“.
Младата и талентирана скопјанка е постојано активна на социјалните мрежи, а овој пат на својот профил на Инстаграм меѓу поновите објави постави заедничка фотографија со популарниот српски фолк пејач Ацо Пејовиќ.
Многумина од обожавателиките посакаа да бидат на местото на Антониа, одосно во прегратката на Ацо.
Сепак, она на што најмногу и забележаа следбениците беше коментарот на српски јазик кој го напиша Антониа, а подоцна го избриша односно го коригираше откако водителот Драган Вучиќ прв и сугерираше како треба правилно да напише:
„Волим овог човека пуно. Така е правилно, колку да си знаеш – и посочи Вуќич, по што Антониа инстантно се поправи и не остави простор останатите го видат пропустот.
-Откако го преправи таман си е злато, гласи следниот коментар.
Сепак, мајчиниот јазик на Антониа е македонски, а не српски, затоа грешката која таа не дозволи да стои долго време, нека биде оправдана!