Анѓушев: Ние пројавивме интерес за учество во Белане

Македонија има интерес да се приклучи на проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа Белане, која е единствена во Југоисточна Европа, објави “Телма“. Но, реализацијата на овој исклучително значаен проект за целиот регион се уште не е дефинирана, вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Бугарија објави повик со кој бара партнери за изградбата на нуклеарката, но условите за учество се уште се нејасни.
– Ние пројавивме интерес за учество во Белане, меѓутоа се уште концептот од бугарска страна не е јасен, се уште и тие немаат до крај изградено ниту финансиска конструкција, ниту структура на заинтересирани страни, гледам целиот регион пројавува интерес за учество во тој проект така да мислам дека е многу далеку да се зборува за конкретна реализација меѓутоа ние како држава цениме дека тоа е веројатно најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбедиме базна енергија на подолг рок, но далеку е од реализација, вели Анѓушев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.