Анџелина Џоли во опуштено издание замина на прошетка со приватен авион!

Холивудската актерка Анџелина Џоли (45) беше сликана со заштитна маска, додека излегува од приватен авион со своите деца во Лос Анџелес.
Всушност, 45-годишната актерка се вратила од краток пат на кој била со своите ќерки и при таа прилика носела црн удобен фустан до колена со рамни жолти папучи.
Таа носела наочари за сонце, косата ѝ била врзана во пунџа, а имала бела памучна маска на лицето и така покажала добар пример за своите деца да се чуваат од вирусот.

Таа била во друштво на ќерките Захара (15), Вивиен (12) и Шило (14) која сака семејството да ја нарекува Џон.
Ќерката Вивиен носела жолта маица и фармерки, додека на грбот имала розов ранец, а Шило носела бела маица со кратки ракави, црна долна тренерка и сива заштитна маска.
Потсетуваме дека Анџелина и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (56) од разводот немаат добра комуникација, но миленикот на жените неколку пати во последните месеци беше забележан како излегува од нејзината вила во Лос Фелизе, што е доказ дека нивниот однос се подобрува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.