Анџелина Џоли е несомнено една од најубавите и најпрепознатливите актерки во светот, но нејзините нови фотографии изненадија многумина.Имено, Анџелина е последната ѕвезда на насловната страница на CR Fashion Book за есен/зима 2024 година. View this post on Instagram A post shared by CR Fashion Book (@crfashionbook)Актерката позираше во бројни комбинации, но најголемо внимание привлече нејзината фризура која многумина потсети на препознатливите диско кадрици од 80-тите.Со оглед на тоа дека убавата актерка е најпрепознатлива по темната и права коса, овој едиторијал изненади многумина.Додека едни пишуваат дека не ја препознале и дека воопшто не им се допаѓа новиот изглед, други се воодушевени од ова издание.„Убава е“, „Сè и стои добро“, „Кој и ја направи оваа фризура нека се отпушти“, „Да не го напишеше името, немаше да ја препознаам“, се само дел од стотиците коментари. .Потсетуваме, Анџелина неодамна блесна на филмскиот фестивал во Венеција, но фановите потоа ги коментираа нејзините раце кои имаа многу изразени вени.Анџелина го промовираше филмот „Марија“ во режија на Пабло Ларен на 81. издание на Венецискиот филмски фестивал. За улогата на легендарната Марија Калас многумина и предвидуваат дека ќе го добие најпрестижниот Оскар.
Пронајдете не на следниве мрежи: