Анџелина Џоли со ново обвинување за Бред Пит

Анџелина Џоли и Бред Пит се разведени веќе две години, но сé уште не можат да се договорат за старателството над шесте заеднички деца.
Иако и двајцата тврдат дека децата им се најголемото богатство и најважниот фактор во постигнувањето на разводот, две години не можат да се договорат и да потпишат документи за развод на брак.
Во судските документи предадени на судот во Лос Анџелес, адвокатката на Џоли наведе дека Пит веќе една и пол година не платил „никаква значајна” алиментација. Актерката, наводно, заостанатите алиментации ќе ги побара по судски пат.


Сепак, неименуван извор, кој е запознаен со ситуацијата, рече дека обвиненијата не се на место. Според наводите на тој извор, Пит од почетокот беше финансиски одговорен за децата и ги исполни сите обврски.
Инаку, богатството на Џоли беше проценето на околу 150 милиони долари, а на Пит околу 245 милиони долари.
Заедно тие имаат шест деца – Медокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и десетгодишните близнаци Вивиен и Нокс.
Тие и натаму се успешни и барани актери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.