Апасиев ги фати живи: Бил формиран кризен штаб без да биде прогласена кризна состојба

НЕ ПАУШАЛНО – САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО

Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од накеков си „КРИЗЕН ШТАБ“ што им дава дополнителни ингеренции во случајот со пожарот во дискошталата во Кочани.

Но, согласно чл. 31 од посебниот Закон за управување со кризи (Сл. весник на РМ бр. 29/2005), како lex specialis, за да постои КРИЗНА СОСТОЈБА и согласно тоа „Кризен штаб“ – потребна е владина одлука која потоа се доставува до Собранието кое врши парламентарен надзор!

Оттука, бидејќи ваква одлука нема и нема никакво известување до нас пратениците, како контролори на извршната власт, јавно прашувам дали тоа и кризнава состојба ви е прогласена противзаконски, меѓу владината коалиција – што би се рекло НА ДИВО, без запазена регулатива и процедура – како, впрочем, и целата истрага што ја буткате на мускули (со владино прикривање на одговорните и поштедување на вашите штабомани и клиенти)?

#Кочани2025
#КризенШтаб
#ЈавенИнтерес
#ПарламентаренНадзор

Пронајдете не на следниве мрежи: