Апасиев го прашува Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи го праша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дали планира да испрати официјална делегација по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Москва. Истово прашање е поднесено во форма на писмено пратеничко прашање до Муцунски на кое Апасиев уште чека одговор.

„Дали ќе имаме државна делегација по повод големиот јубилеј 80 години од победата над фашизмот’, чунки ние сме народ кој стекнал своја држава на АСНОМ – баш како победник во Втората светска војна…”, напиша Апасиев во објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: