По вчерашната седница за интерпелација на собранискиот спикер Африм Гаши, лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук сподели модифицирано лого на ВМРО-ДПМНЕ.
Интерпелацијата за работата на собранискиот спикер Африм Гаши не беше прифатена во Собранието, откако 72 пратеници гласаа „против“, додека 21 гласаа „за“, по жестока дебата на седницата на 3 септември.
Интерпелацијата за Гаши не помина откако пратенците од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, гласаа против инцијативата што ја поднесе партијата „Левица“ која бараше одговорност од Гаши поради неколку инциденти кои се случија за неполни два месеци.
Во продолжение дел од вчерашните настани и говори од Собранието: