Апасиев: Диско -шталата била партиски штаб на ДПМНЕ, таму „локале“ и јаделе локалните функционери

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не е од вчера министер. Тој бил министер година дена: и од техничката влада на Талат Џафери, па преку новата политичка влада. Тој бил министер и во време на фалсификуваната лиценца. Ние сме земја која има колективни трауми досега. При секоја ваква колективна траума, прво нешто е министерот да си даде оставка, ако не и целата влада. Тошковски не прави разлика меѓу гнев и револт, но тоа е негов пропуст, вели во емисијата „ТВ Објектив“ на КТВ лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.
Тој ја посочи првата точка за интерпелацијата на Тошковски и појасни дел од пропустите во однос на функционирањето на дискотеката во Кочани.
-Диско – шталата била оставена без контрола. Таа била партиски штаб, практично, на ДПМНЕ каде што сите локални функционери нивни се собирале, локале, јаделе, пиеле, веројатно, и без пари како што имаат обичај да прават. Нашата интерпелација е законски заснована. Ние ги следевме законските одредби од Законот за угостителска дејност, од Законот за внатрешни работи, од Законот за полиција. Ги следевме сите ингеренции кои не биле применети во случајот. Тоа се кардинални пропусти – рече Апасиев.
Според него, наместо да се апсат актуелните функционери, се апсат поранешните.
– Вие ги немате обвинето тие што први требало да ги обвините, а тоа се актуелните носители на јавни функции, затоа што вие не сте дојдени истата ноќ на власт, па да речете ние сме нови. Не, вие сте година дена претходно. Сте имале илјадници можности. Државниот пазарен инспекторат, директорот Влатко Стојковски не направил инспекција. Од Дирекцијата за заштита и спасување, сега ги поапсија претходните. Како можете да поапсите министер кој бил пред 10 години, а да не го поапсите сегашниот? Нема логика! Обратно треба да апсите! Оттука треба да апсите, оттука натаму треба да апсите, а не оттаму наваму – додава Апасиев.
Тој најави и интерпелација и кривична пријава за премиерот Христијан Мицкоски.
The post Апасиев: Диско -шталата била партиски штаб на ДПМНЕ, таму „локале“ и јаделе локалните функционери appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: