среда, 25 ноември 2026
Најново

Апасиев до Мицковски – вие сте соучесници во уништувањето на Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Она што никад не смее да им се прости на ДПМНЕ е дека напуштија терен тогаш кога најмногу и требаа на Републиката!
Ако ВМРО влезеше радикално во процесов, денес пред Собрание ќе бевме 50.000 наместо 500!
Но, реалната битка се води внатре во парламентот. Имавте капацитет да го одолговлекувате процесов барем до пролет. Таман додека падне Ципрас.
За комуњарите од СДСМ знаевме дека се квислинзи, ама за вас не знаевме дека сте колаборационисти! Ви олесна шо на СДСМ му се „падна паричето“ да го решава името.
Епа – еве, не’ решија! Со Преспанска + Тиранска платформа (гратис).
p.s. Можевте да спречите. Со координирани акции на Претседателот на Републиката и на пратеничката група. Имавте и имате процедурални инструменти во рака. Плус, можевте и со тавчиња и тенџериња внатре, со солзавец и петарди, па дури и со тепачки у Собрание!
МОЖЕВТЕ. Ама – НЕ САКАВТЕ!!!

Поврзани вести