Еднаш победивме ФАШИСТИ, ќе победиме пак! – порача во објава на социјалните мрежи лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по повод 84 годишнината од Народното востание, односно борбата против фашизмот во Втората светска војна.
Бескомпромисната борба на партизаните од првиот Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ и акциите кои тие ги изведоа со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски жици, го трасираше борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година, започнаа вооружените акции и во Кумановско. Во месноста Менкова колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, којшто заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена вода ги интензивираше воените дејствија до 17 октомври 1941 година.



