Апасиев во свој стил се обрати на судиите преку Фејсбук и им порача:
УСТАВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
УПРАВЕН суд се прогласува ненедлежен за одлуки на Собранието.
ОСНОВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
_____________________
ЛЕВИЦА прогласува дека законите за повисоки плати на судиите ќе поминат на Куково лето
СО 4% ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО, НИ ОВИЕ ПЛАТИ НЕ ГИ ЗАСЛУЖУВАТЕ – ЛЕВИЦА СО 2.400 АМАНДМАНИ ГО БЛОКИРАШЕ ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ
Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пред отпочнувањето на денешната 54 седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците (20 март 2023), поднесоа вкупно 2.400 амандмани на Предлог-законите за изменување на Законот за плати на судии и на Законот за плати на членовите на Судскиот совет на РМ, кои беа предложени од Владата, т.е. Министерсвото за правда – по скратена постапка.
Сметаме дека со огромната и ноторна недоверба на граѓаните кон корумпираниот судски систем, со престорување на правосудството во фамилијарна професија заробена во стегите на непотизмот, класните привилегии и кронизмот – платите на судиите се НАЈМАЛИОТ ПРОБЛЕМ во реформата на судскиот систем, која треба да биде радикална.
Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) – нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.