АПАСИЕВ: Законот за пазарџии е исклучиво во корист на прекупците

Професорот Димитар Апасиев со статус на својот Фејсбик профил образложи што претставува, според него, новиот Закон за зелени пазари кој Владата се обидува да им го наметне на пазарџиите.
– Законот за пазарџии е исклучиво во корист на КВАНТАШКАТА МАФИЈА и прекупците на овошје и зеленчук! Не смее пензионер да може да членува во управен одбор, а да не може да си продава зарзават од бавчата!?
Нашиот правен тим веќе работи на иницијатива за правно соборување на спорниот член од законот пред Уставниот суд. Веруваме дека истиот ќе биде соборен и конечно ќе се стави крај на оваа агонија на сиромашните во која ги втурна оваа власт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.