Апасиев: Зошто актуелниот директор на Државен пазарен инспекторат нема својство на осомничен?! Еве што кажува Законот!

Зошто актуелниот директор на Државен пазарен инспекторат нема својство на осомничен? – прашува пратеникот Димитар Апасиев кој на Фејсбук сподели каква надлежност има ДПИ.

– НЕ ПАУШАЛНО – САМО АРГУМЕНТИРАНО, ДРУГАРИ

Откако видовме дека пропадна првичниот план за владино прикривање, и откако увидовме дека јавниот притисок вродува со плод (преку примерите до градоначалникот и полициските началници) – мораме упорно и секојдневно да продолжиме со правно обезличување на секој обид да се заташка истрагата со цел да се заштитат нивните партијаши и клиенти.

Затоа, денес ќе ја разгледаме улогата на ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ (скратено ДПИ) во трагичниот случај со дискошталата во Кочани, во кои ни загинаа 60-на младинци…

Согласно чл. 8 од посебниот Закон за Државен пазарен инспекторат (Сл. весник на РМ бр. 24/2007), кој досега е менуван и дополнуван 15 пати, токму ДПИ е изрично надлежен за „изрекување инспекциски мерки со цел отстранување на утврдени неправилности“!

Дополнително, во Законот за угостителската дејност (2004), како lex specialis за диско-клубови и кабареа, Државниот пазарен инспекторат е споменат дури 40 пати! Со букви: ЧЕТИРИЕСЕТ ПАТИ!!!

Оттука, нејасно е зошто премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски и колегите од Основното јавно обвинителство Кочани го поштедиле од истрага и не му дале својство на „осомничен“ и „обвинет“ на АКТУЕЛНИОТ В.Д. ДИРЕКТОР НА ДПИ – Влатко Стојкоски од редовите на ДПМНЕ!? (види слика во коментар). Типчево е на функција од месец ноември 2024, што значи имал сосема доволно време ex officio да преземе службено дејствие кое не го презел.

Argumentum a fortiori, ова дотолку повеќе има смисла, ако се знае дека поранешниот директор на ДПИ е осомничен и веќе е во притвор.

Или да ви објаснам, per analogiam, што всушност прават и како ја замајуваат јавноста: ова би било исто како за кривично дело „убиство“ сторено со пиштол, да го обвините производителот на пиштолот во фабриката, а не и непосредниот извршител кој го повлекол чкрапалото!? – пишува Апасиев.

ЛИНК од објавата

Пронајдете не на следниве мрежи: