Апасиев: На денот на погребите во Кочани, Мицкоски ставил потпис на владин договор за мерење рејтинг

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев се огласи во јавноста по последната анкета на „Маркет вижн“ за потребите на „МКД.мк“. Според Апасиев, „договорот за мерење на рејтингот бил потпишан на денот на погребите на жртвите во кочанската трагедија“.

-На денот на ПОГРЕБОТ во Кочани (кога ДПМНЕ ги обвинуваше сите за “некрофилија”) – Мицкоски ставил потпис на владин договор за маркетинг услуги и мерење рејтинг! Толку е постот, стои во објавата на Апасиев.

Од опозициската СДСМ во текот на викендот обвинија дека „омилената агенција на ВМРО-ДПМНЕ која уште од времето на Груевски е платена да ги манипулира граѓаните со лажни анкети е повторно ангажирана, овој пат за сума од 400.000 евра народни пари“.

„Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ“, прашаа од „Бихаќка“.

Од порталот „МКД.мк“ реагираат на ова соопштение потенцирајќи дека веќе седум години редовно објавуваат истражувања на јавното мислење со агенцијата Маркет вижн и дека сите досегашни објавени анкети сосема реално ја прикажаа ситуацијата во македонското општество.

„Но, СДСМ секогаш посакуваат розеви наочари. Така е и овој пат…“, додадоа меѓу другото оттаму.

Истражувањето е спроведено од 20 март до 17 април, преку CATI метод (телефонско анкетирање со помош на компјутер), врз репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Пронајдете не на следниве мрежи: