Апасиев не се појави на рочиштето против Канал 5

Апасиев не се појави на рочиштето против Канал 5 и против двајца новинари за како што наведува во тужбата, противзаконска објава на интерен партиски документ во вестите. Образложението кое го достави преку својата адвокатка, е дека имал обврски во собранието.

Иако Канал 5 бараше да се одржи рочиштето, судијката сепак го одложи поради отсуството на Апасиев, како правен застапник на Левица. За новинарите на Канал 5, кои седнаа на обвинителна клупа, жално што во 2024 г. новинарите се соочуваат со апсурдни и парадоксални ситуации во обид да бидат заплашени и замолчени, а уште помалку да се предмет на закани по животот.

Судијката Даниела Алексовска на рочиштето понуди можност за помирување. Адвокатката на Левица изрази подготвеност за тоа, но под одредени услови што јавно не ги наведе, што беше категорично отфрлено од Канал 5 телевизија.

Тужбите и притисоците врз новинарите од страна на политичките партии и чинители е обид за замолчување и заплашување што е и овој случај со т.н. слап тужба на Левица, велат од новинарските здруженија кои застанаа во одбрана на колегите за кои велат, непотребно се изложуваат на притисоци и седнуваат во обвинителни клупи затоа што си ја вршат својата должност.

Следното рочиште во Кривичниот суд е закажано за 19 ноември.

Извор: Канал 5

Пронајдете не на следниве мрежи: