Апасиев: Премиерот бега од пратенички прашања

Премиерот бега од пратенички прашања, прво, наместо да одговара – прашуваше а потоа, наместо да одговара – напаѓаше ad hominem!?Сега, наместо да одговара – бега!? Добар е, има време – ќе научи уставно уредување, вели Димитар Апасиев од партијата Левица.

Тој објави одговор на позив за присуство на седница за одговарање на пратеничките прашања на пратениците Халил Снопче и Димитар Апасиев, на кој стои дека премиерот е спречен да дојде на седницата од оправдани причини.

,,p.s. “Оправданите причини” за да не дојде на опозициските пратенички прашања денес беа држење прес у Белата Палата!? p.p.s. Левица сериозно планира да предложи инкриминација на НЕОДЗИВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНА ПОКАНА (како ново кривично дело во КЗ), бидејќи ваква девалвација на институцијата Собрание се дешава само под вмроидна чизма“, додава Апасиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: