АПАСИЕВ УТРЕ МУ ПОДНЕСУВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА КОЧАНИ!

До редакцијата на Инфомакс пристигна покана за прес-конференција на професорот Димитар Апасиев, претседател на Левица поради поднесување на кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, случај во кој 62 лица го загубија својот живот, а околу 200 лица беа повредени.

-Ве информираме дека утре, 28.5.2025 год. (среда), пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, ќе одржи прес-конференција.

Прес-конференцијата ќе се одржи пред Јавното обвинителство – Скопје, со почеток од 11:30 ч.

Тема на прес – конференцијата е кривична пријава против премиерот Мицкоски во врска со истрагата за трагедијата во Кочани.

Ве покануваме да ја проследите и медиумски да ја покриете најавената прес-конференција, стои во најавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: