среда, 25 ноември 2026
Најново

АПЕКС МАКЕДОНИЈА СО ДОНАЦИЈА НА ДЕЗИНФЕКЦИОНИ СРЕДСТВА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ ВО СКОПЈЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ПРОДОЛЖУВА ХУМАНИТАРНАTA АКЦИЈА НА АПЕКС МАКЕДОНИЈА СО ДОНАЦИЈА НА ДЕЗИНФЕКЦИОНИ СРЕДСТВА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ ВО СКОПЈЕ

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби доби донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 евра од компанијата АПЕКС Македонија, со што се заокружи циклусот на донации на оваа клиника со вкупна вредност од 40.000,00 евра.

Оваа донација е дел од хуманитарната кампања на компаниите членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кои реализираа низа активности со цел да помогнат на здравствениот систем кој е соочен со борбата против пандемијата од КОВИД-19 вирусот.

Веруваме дека дезинфекционите средства како и болничките кревети кои беа донирани минатата недела во Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, ќе помогнат полесно да се одвиваат секојдневните обврски на здравствениот и техничкиот персонал во оваа клиника и да се одржат соодветните услови за нашите граѓани кои се борат со овој немилосрден вирус. 

Циклусот донации на АПЕКС Македонија и Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), чија вкупна сума изнесува 200.000,00 евра, продолжуваат во наредниот период.

Со почит, АПЕКС МАКЕДОНИЈА, ЧЛЕНКА НА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

Поврзани вести