Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство за мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев.
Како што потврди за МИА претседателот на Апелациониот суд, Тони Делев, предметот пристигнал денеска, а кривичниот судски совет ќе го разгледа и ќе донесе одлука веднаш.
Димитровски и Илиев претходно беа во ефективен притвор во врска со трагедијата што се случи во дискотеката Пулс во Кочани. Судската одлука ќе биде објавена на официјалната веб-страница на Судот.