Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор

Поранешниот министер Спиро Ристовски, кој е еден од осомничените како организатор на настаните на 27. април во Собрание во 2017 година, минатата недела на јавна седница бараше од судиите да му го укинат притворот и ги уверуваше дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што е уверен дека ќе ја докаже невиноста.
Апелациониот суд ја отфрли жалбата на ексминистерот Ристовски и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија од таму за ТВ “Телма“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.