РСБСП се обраќа до сите учесници во сообраќајот – без разлика дали сте возачи, патници, велосипедисти или пешаци, со замолба да бидете внимаелни и одговорни додека сте на патиштата за време на Велигденските празници. Велигден носи дух на заедништво, семејни врски и духовна радост, а со тоа може да се очекува и поинтензивен сообраќај. Затоа, РСБСП потсетува дека безбедноста во сообраќајот е задача за сите нас и само со разумно и одговорно однесување можеме да ги заштитиме животите. Апелираме до возачите: – Почитувајте ги ограничувањата за БРЗИНАТА и следете ја назначената сигнализација; – НЕ возете под влијание на АЛКОХОЛ и кога сте ЗАМОРЕНИ; – Прилагодете ја брзината на условите и состојбата на патот; – Користете сигурносни ПОЈАСИ; – Избегнувајте да користите МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН додека возите; Секој учесник во сообраќајот има право на безбедност – но и обврска да допринесе за истото. Велигден носи нови почетоци и е празник за љубов и семејна радост – не дозволувајте непромислените одлуки да ги засенат овие вредности. РСБСП им посакува на сите граѓани среќни, мирни и безбедни празници. Да го дочекаме Велигден со насмевка и како внимателни учесници во сообраќајот. Среќни Велигденски празници.
The post Апел за Одговорно и Безбедно Возење за Велигденските Празници appeared first on 365.mk.