Денеска е 1-ви април, Денот на шегата. Вистинското потекло на првоаприлските шеги не е утврдено, но сигурно е дека многумина лесно наседнуваат на нив.
Ова би биле некои од најдобрите шеги во кои поверувал цел свет:
1. Во 1962-ра година, телевизори во боја биле вистинска реткост. Шведската национална телевизија тоа го искористила за на своите гледачи да им пласира информација дека своите црно-бели ресивери може да ги претворат во боја доколу преку преку нив навлечат еден пар најлон чорапи.
2. Во 1966-та година, американската компанија за брза храна „Taco Bell“ објавила дека од американската влада ќе го купи „Liberty bell“ и дека ќе го преименува во „Taco liberty bell“. Тоа ѕвонче е еден од најскапоцените споменици од времето на американската револуција, па стотици луѓе протестирале.
3. Почесниот британски астроном Патрик Мур, на 1-ви април во 1976-та година објавил дека ретка положба на планетата привремено во целост ќе ја намали гравитацијата на Земјата, поради што сите луѓе ќе можат да лебдат некое време! Стотина слушатели се обратиле во редакцијата, за да пријават дека експериментот им успеал.
4. На 1-ви април, 1998-ма година, магазинот „New Mexicans for Science and Reasons“ објавил вест дека собранието на американската држава Алабама ја променила вредноста на Pi од математичката константна 3,14 на библиската 3,00 – која е значајно подобра.
5. Познатиот концептуален уметник Скагс, веќе со години на 1-ви април најавува дека во Њујорк ќе се одржи специјална парада. Новинарите се собираат секоја година, но потоа заклучуваат дека повторно наседнале на првоаприлска шега. Сепак, тие упорно одат, бидејќи никогаш не се знае.
6. Многу корејски и кинески веб-сајтови, во 2003-а година на 1-ви април објавија вест дека CNN објавиле извршено убиство врз сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Резултатот е вкупен пад на акциите на корејската берза за 1,5 отсто.
7. Британскиот Дејли Меил, на 1-ви април 2006-та година објави дека британскиот премиер Тони Блер ја префарбал вратата „Downing Streeta“ во црвена боја, која традиционално е обоена во црно, додека Тајмс објавиле текст за новиот заштитен систем на кредитни картички, кој се активира со пеење.
8. Шведскиот водечки весник „Dagens Nyhter“, на 1-ви април 2006-та година, исплашил илјадници велосипедисти, тврдејќи дека властите во Стокхолм ќе воведат ограничување на брзината за велосипедистите на 20 километри на час во центарот на градот.
9. Во Белгија истата година, радио мрежата „VRT“, објавила дека регионалната влада во Фландрија била толку загрижена поради влијанието на мрачното време во земјата врз населението, што одлучила да врачи 10.000 „сончеви чекови“ на граѓаните за бесплати посети на солариум.
10. Познатиот синџир на брза храна „Burger King“, во 1998-ма година објави голема реклама во весниците, во која е претставен хамбургер за леваци. Компанијата објаснила дека тој ќе биде ист како и оригиналот, само сите состојки ќе бидат свртени за 180 степени, за да не се истураат од десната страна на хамбургерот.