Апсења во Србија поради дојави за бомби: Нови детали од големото апсење, еве што откри полицијата

Три лица уапсени од Србија и едно во Чешка за лажни пријави за бомби.

Во тек е голема операција на Министерството за внатрешни работи и Одделот за високотехнолошки криминал на Србија.

Два хороскопски знаци кои секогаш се подготвени да помогнат
За некои луѓе помагањето доаѓа природно – тие се секогаш тука кога е најпотребно, без разлика дали се работи за мали секојдневни ситуации или сериозни кризи. Нивната подготвеност за поддршка и …
Составот на Кабинетот на Трамп: Кои се избрани досега?
– Додека Доналд Трамп се подготвува да се врати во Овалната соба како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави (САД), тој продолжува со откривање на своите соработници во неговата администрација за …

Вчера српското МВР соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да спроведе опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со чести пријави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.

– Поради зачестените пријави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија, Министерството за внатрешни работи ги ангажираше сите човечки и материјално-технички ресурси за подобрување на безбедноста на децата, а во соработка со надлежното обвинителство, презема активности за откривање и гонење на одговорните лица, соопшти вчера МВР.

Од почетокот на учебната 2023/2024 година, примени се вкупно 80 пријави на неколку десетици електронски адреси во различни образовни институции на територијата на Србија.

Според секоја поединечна пријава, полициските службеници постапувале одговорно и професионално, извршиле прегледи и сите потребни проверки, врз основа на кои било утврдено дека пријавите се лажни, додаваат од српското МВР во заедничкото соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.